СДСМ Карбинци: Општината е најнетранспарентна Пуанов: За транспарентноста говорат проектите

Општина Карбинци е најнетранспарентната општина во Истокот, контатираа денеска на прес конференција од ОО на СДСМ Карбинци. Велат дека Локланата власт предводена од ВМРО ДПМНЕ, не работи чесно, транспарентно и отчетно.

„ Општина Карбинци е на последно 10 место со само 50,7% индексни поени, Активна Транспарентност според истражувањето кое е спроведено од Центарот за граѓански комуникации во Источно Планскиот Регион.

За само година ипол владеење на ова неспособна локаклна власт забележан е најголем пад на транспарентноста во општина Карбинци. Локалната власт предводена од вмро-дпмне НЕ работи чесно ,не работи ТРАНСПАРЕНТНО, не работи ОТЧЕТНО. Наместо ПРОМЕНИ со ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот Виктор Паунов доживеавме како општина да бидеме на дното“ – стои во соопштението кое го испратија од ОО на СДСМ Карбинци.

Градоначалникот Паунов пак со спротивен став, вели транспарентноста и отчетноста на општината се гледаат преку реализација на проекти.

„Општина Карбинци работи отчетно и транспарентно а затоа говорат проектите и успешноста на реализацијата на буџетот. Општина Карбинци има рекордна реализација на буџетот во делот на капителни проекти со висина над 90%. Безидејноста на некогашниот огранок на сдс кој денес речиси и да не постои во Карбинци или човекот партија вечниот функционер, ги води жителите во заблуда и манипулација. Наместо да се вклучат со идеи за проекти кои би биле во интерес на граѓаните тие грубо манипулираат со дезинформации.“ – одговори Паунов во писмено соопштение.

Лаура Стојанова М-Нет