
Во Делчево и Пробиштип нема издадено ниту една дозвола за градење во месец мај годинава. Според податоците од Државниот завод за статистика во мај вкупно се издадени 317 одобренија за градба, од 57 се во Источниот регион. Од овие 57, 15 се на физички лица, додека 42 на деловен субјект. Најмногу одбренија во Општините од Истокот има во Штип -16, во Пехчево – 14, 9 во Берово, 6 во Виница, 5 во Карбинци, по две одобренија во Зрновци, Кочани и Македонска Каменица и само едно во Чешиново Облешево.
Според податоците на ДЗС издадените одобренија за градби се намалени за 1.9% споредбено со истиот период лани. Од друга страна пак предвидената вредност на објектите изнесува 5 311 942 илјади денари, што е за 23.4 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 137 (43.2 %) се наменети за објекти од високоградба, 119 (37.5 %) за објекти од нискоградба и 61 (19.3 %) за објекти за реконструкција.
Лаура Стојанова М-Нет