
По реакцијата на градоначалникот Јорданов за ускратување на правото на потенцијалните директори на училиштата да го положат менаџерскиот испит од страна на централната власт, реакција пристигна и ОО на СДСМ Штип. Од таму посочуваат на законските обврски, за кои прашуваат дали Јорданов ќе ги заобиколи.
„Дали Јорданов ги партизира образовните институции кои треба да бидат надвор од политиката? Законот е дециден дека три месеци пред истекот на мандатот на в.д. директорот треба да се распише оглас, а не кога нивните кандидати ќе положат. Дали со ова признава дека ќе постапи уште еднаш спротивно на Законот и нема да избира кандидати кои ги исполнуваат условите?“ – стои во реакцијата на СДСМ.
Ребека Спасова М-Нет