ПЕЛИСТЕР ГО ДОНЕСЕ КИРЕ СТОЈАНОВ: Младинскиот репрезентативец е новото зелено-бело засилување!

ФК Пелистер продолжува со засилувањето на составот за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига.
Битолскиот клуб официјално го потврди ангажманот на Кире Стојанов, 20-годишен фудбалер кој настапува на позицијата лево крило и во новата сезона ќе го носи зелено-белиот дрес.
Стојанов е роден 2005 година, а негов матичен клуб е Брера Струмица. Во досегашната кариера има настапувано и за Беласица, каде што играше како позајмен фудбалер.
Новото засилување на Пелистер има и репрезентативно искуство, со оглед дека е дел од младинската репрезентација на Македонија до 21 година.
Со неговото ангажирање, Пелистер добива млад и перспективен офанзивец, кој треба да донесе дополнителна брзина и креативност по левата страна.