
Граѓаните сметаат дека заминувањето во странство е можност за поголема заработка, ново искуство и подобри услови за живот. Велат дека сакаат нивниот труд да биде повеќе ценет и соодветно платен, но и да пробаат како е да се живее и работи во друга земја. За едни, напуштањето на родниот крај е ризик кој вреди да се преземе за подобар живот и нова можност. За други, сигурноста, семејството и животот што го имаат тука се поважни од неизвесноста која ја носи странството.
Многумина тврдат дека не би отишле, својот живот не го замислуваат таму, далеку од родната земја, семејството и најблиските. Велат, не е сѐ во парите и подобриот стандарт не може да ја замени близината со саканите. Но друг дел пак граѓани, сметаат дека ако им се укаже би заминале во странство, барем за одреден период можност би отишле, за да го искусат животот преку граници, да стекнат нови искуства и да видат какви можности нудат другите земји.
На крајот, заминувањето или останувањето е индивидуален избор. Дали ќе се замине или ќе се остане – изборот е личен, а секој ја носи одлуката според своите желби и приоритети.
Ева Тушевска, М-Нет