СВР Штип со акциска контрола за возачи под дејство на алкохол

СВР Штип, на 07.11.2020 во периодот од 16.00 до 21.00 часот и на 08.11.2020 во периодот од 16.00 до 22.00 часот, спроведе акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Од извршената контрола кај 23 било утврдено присуство на алкохол, сите биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и издадени им биле записници за констатиран прекршок. Санкционирани се и 76 останати прекршоци.