Неделава на градскиот стадион во Македонска Каменица, во рамки на 11 коло од Прва ЖФЛ се одигра дербито на колото во кое што се соочија ЖФК Каменица Саса и ЖФК Скопје. Стрелци на головите за домашната екипа се АнаДимитровска, Марјана Нацева Ману и Пале Николовска.
Значајни три бода, постигнати со одлична и колективна игра. Успеавме да постигнеме три гола и да создадеме уште неколку шанси во кои гостинската голманка добро реагираше и спречи поголема резултатска разлика. Во одбрана изигравме доста стабилно со што не дозволивме гостите да создадат чисти шанси пред нашиот гол. На гостинската екипа им посакуваме многу успеси во иднина. Кажа Ана Димитровска – капитен на ЖФК „Каменица саса“
Во фер и коректен натпревар до супер важни три бода стигнаа ЖФК Каменица Саса со триумфот од 3:0. Со новите бодови, сега тие се на врвот на табелата со 30 бода, пред второпласираните ЖФК Ас Јунајтед од Струга со 28 бода.