На 08.11.2020 во 09.40 часот во СВР Штип, З.Ѓ.(63) од с.Јакимово, виничко пријавил дека на место викано „Камена трага“ атар на с.Црн Камен, пронашол неексплодирана граната. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Виница и вработен во Дирекцијата за заштита и спасување, при што било констатирано дека се работи за неексплодирана граната од 75 мм од Првата светска војна, по што таа била предадена на ДЗС Виница.
