СВР Штип санкционира несовесни пешаци

По спроведената акциска контрола од страна на СВР Штип биле констатирани 33 прекршоци од страна на пешаци.

Во Штип се констатирани девет прекршоци, 12 во Кочани, четири во Берово, по три во Пробиштип и Делчево и по еден прекршок во Виница и Свети Николе.

Најмногу од прекршоците биле за небезбедно преминување на улица -23 и пет за некористење тротоар за движење. За сите овие прекршоци изречени се соодветни санкции.

Санкционирани се и 34 останати прекршоци.