СВР Штип поднесе шест кривични за непочитување на домашна изолација

Шест кривични пријави за непочитување на законските одредби за домашна изолација поднесе денес СВР Штип. По две кривични пријави има за жители на Кочани и Делчево, една е за штипјанец и една за жител на Свети Николе.

– „Полициските службеници кои биле во контрола на домовите не ги нашле лицата кои дошле од државите со висок и средно висок ризик, поради што имале обврска да останат во домашна самоизолација, заради што истите се со пријава до обвинителството “ – информираат од СВР Штип.