
Тројца жители на село Таринци и еден во село Карбинци се во домашна изолација како превенција од ширење на коронавирусот. Сите четворица допатувале во државата од ризични подрачја, сами се пријавиле и засега ги почитуваат мерките за изолација, информираат од кризниот штаб во Општина Карбинци.