СВР Штип поднесе кривична за струмичанец, со туѓа картичка наточил гориво за 2000 евра во Франција

СВР Штип поднесе кривична пријава против К.С.(54) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Пријавениот, набавил податоци од картичка за точење гориво, сопственост на приватна фирма, по што ги злоупотребил податоците и извршил две трансакции на бензинска станица во Франција, со што нанел материјална штета на правното лице во износ од 123.790 денари.