
За 10 проценти се зголемуваат платите на припадниците на Армијата и вработените во одбраната во Македонија. Покачувањето ќе ги опфати основните плати, но и додатоците за ноќна и прекувремена работа. Министерот за одбрана Владо Мисајловски тврди дека станува збор за историски најголемо зголемување во апсолутен износ. Ова значи повеќе пари на сметка за војниците и вработените во одбраната, кои, како што вели министерот Мисајловски, го заслужуваат ова покачување.
,,Платата на вработени во армијата и во одбраната се зголемуваат за 10 проценти. Тоа значи историски најголемо зголемување во апсолутна вредност. Тоа значи дека се зголемува основната плата, но и сите компоненти кои што се опфатени во платата. Јас ветив многупати дека ќе работам заедно со синдикатите, со армијата, оваа институција да биде најдобрата во државата, а со овој чекор по примањата навистина стануваме една од најдобрите институции во државата и честитки до сите вработени, бидејки тоа го заслужува армијата, ние сме НАТО армија. Навистина е посебна гордост, кога ќе направите чекор за зголемување на платата, истористки најмногу 10 проценти во асполутен износ. Тоа значи дека овде влегуваат освен основната плата и онаа исклучителна компонента која е составен од дополнителни компоненти, а тоа е ноќната рабтоа, прекувремените работи, сетоа ова ќе биде делот со зголемување 10 проценти.“, рече Мисајловски
Дополнително на зголемувањето од 10 проценти, вработените ќе добијат и повисоки примања согласно Колективниот договор. Мисајловски посочува дека средствата за овие исплати се предвидени во буџетот, а зад подобрувањето на примањата стои, како што вели, долг и макотрпен процес.
,,Ова значи зголемување на сите вработени во одбраната, тоа значи во армијата, тоа значи за сите вработени, воена академија, сите апсолутно. Навистина ми е драго што зеднички правиме убави работи. Ова е макотрпен пат не се прави ден за ден. Две години требаше да испалтиме се што беше претходно земено, навистина макотпрно. Ова зголемување на 10 % на основната палта и сите компоненти ќе биде плус она што следува од колективен договро. Тоа значи дополнителни примања од колкетивниот договор, а ссе она што станувам буџетот ги предвидува тие примања.“, додава Мисајловски
Од Министерството очекуваат со ова зголемување да се подобри стандардот на вработените и дополнително да се вреднува трудот на припадниците на Армијата и одбраната.
Иван Митев, М-Нет