
„Гарантирани цени“ на производите од утре веќе нема, се одмрзнуваат цените на белиот ориз, брашно, леб, тестенини, млеко, јајца. Какви ќе бидат цените во маркетите од утре ќе зависи од самите трговци. Но, Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера порача дека секое неетичко однесување на кој било трговец ќе се казни.Тој повика да реагираат Комисијата за заштита на конкурентноста и Организацијата за заштита на потрошувачи и повтори дека најсоодветно решение е да се изгласа законот за нефер трговски практики.
Економистите велат дека замрзнатите цени на производите не даваат резултати на долг рок и дека цените треба да се одредуваат долгорочно. Според нив ценовен шок не би требало да има, иако праксата покажува дека благо покачување на дел од цените на производите ќе се забележи.
„Јас лично не очекувам ценовен шок, иако од пракса гледаме дека постојано одредени производи го добиваат својот пораст на цени. Тој е минимален ама на долг рок постои. И во овој период оние цени кои не се замрзнати бележат пораст, ама тој не е енормен.“ – вели Ивановски.
Од друга страна пак штипјани сметаат дека цените на производите ќе пораснат, а со тоа ќе се зададе нов удар по димашниот Буџет. Согласни се дека и за време на мерките, односно замрзнатите цени на произвиодите немало поголемо олеснување на нивниоот домашен Буџет, но сега децидни се дека цените барем на најосновните производи ќе бидат зголемени.
„Очекувам, 100% дека ќе се покачат цените. Колку се покачија продуктите, а пензиите и платите, исти останаа, 5% покачија.“ – велат граѓаните.
Одлуката за дел од производите да се продаваат со ознаката гарантирана цена стапи на сила на 20 септември годинава со што тие беа со замрзнати цени. Економистите велат дека нова помош за граѓаните ќе биде новиот пакет антикризни мерки.
Лаура Стојанова М-Нет