СВР Штип го фати осомничениот за разбојништво врз 82-годишна жена во својот дом

Расветлено кривично дело, разбојништво од чл.237 од КЗ од полициски службеници од СВР Штип
На ден 27.01.2026 год. во 16.00 часот во СВР-Штип од страна на оштетената 82-годишна жена од Штип е пријавено кривично дело „разбојништво“, кога од страна на непознато машко лице, кое носело капа преку лицето со употреба на сила и алат ја отворил влезната врата од собата во која престојувала оштетената, при што откако влегол во собата и одзел мобилен телефон марка „Samsung“ и физички ја нападнал со тупаници во пределот главата, лицето и телото нанесувајќи и тешки телесни а при тоа од раката и извадил и одзел прстен стекнувајки се со имотна корист од околу 18.000,оо денари.
По добиени оперативни сознанија и превземани мерки и дејствија од страна на полициски службеници од Отсекот за општ криминалитет во ОКП СВР Штип е утврдено дека сторител на кривичното дело е лицето Џ.Д. (36) од Кавадарци.
На ден 14.02.2026 година во 12.20 часот од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп осомничениот бил приведен во Прилеп, по што е предаден на полициски службеници од СВР Штип и истиот ден е спроведен во СВР Штип за понатамошна постапка.
По обезбедување на материјални докази, сведоци на настанот водени разговори со оштетената и осомничениот, поради постоење основи на сомнение дека Џ.Д. е сторител на кривично дело „разбојништво“ од чл.237 од КЗ на ден 15.02.2026 година во итна постапка од СВР Штип до ОЈО Штип поднесена е кривична пријава а лицето е изведено пред Судија на претходна постапка во Основен суд Штип, од каде му е одредена мерка ПРИТВОР во траење од 30 денови во КПД Скопје Шутка.