
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода четири возачи во Свети Николе, Штип и Кочани затоа што управувале возило без возачка дозвола. А, еден возач во Свети Николе управувал возило иако имал мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија. Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.