Емир Шаботиќ ново име во Детонит Плачковица

Екипата на Детонит Плачковица се засили со талентот Емир Шаботиќ, кој доаѓа од Вардар. Се работи за 18-годишен везен фудбалер, кој потекнува од школата на Вардар.

Ново засилување на радовишани е член на репрезентацијата на Македонија до 19 години.

Шаботиќ веќе настапуваше за новиот тим на пријателскиот натпревар против Кожуф, а тој се очекува да биде големо освежување во тимот на Горан Здравков.

Пролетниот дел тимот на Детонит Плачковица го отвара на домашен терен против Големо Коњари.

Александар Ванев, М Нет