На 28.10.2020 во периодот од 07.00 до 15.00 часот СВР Штип спроведе засилена акциска контрола за првенство на минување на возила. Притоа, преземени биле пет мерки, односно издадени пет прекршочни платни налози. Санкционирани биле и 64 останати прекршоци.
