СВР Штип во засилена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол

На 10.01.2021 во времето од 12.00 до 18.00 часот СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Од извршената контрола кај три возачи било утврдено присуство на алкохол. Сите биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и издадени им биле записници за констатиран прекршок. Санкционирани биле и 32 останати прекршоци.