СВР Штип – во текот на изминатиот викенд 96 прекршоци за неносење маска

Во текот на изминатиот викенд, според статистиката на МВР, за периодот  (/08/09/10/11.01.2021) на ниво на СВР Штип, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 96 прекршоци.

Во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Штип од Државниот санитарен и здравствен инспекторат на 86 лица им биле издадени решенија за изолација, а контрола им била извршена на 383 лица со вакви решенија.