
Денес се одржа првата седница на Комисијата за Спорт на Општина Штип во новата година. Членовите на комисијата за разгледување имаа само една точка на дневниот ред и тоа Буџетот за спорт за 2021 година. За оваа 2021 година за спортот во Штип се предвидени 12 милиони денари поделени во повеќе ставки.

Претседателот на Комисијата Елмир Мандак нагласи дека како прва ставка во вредност од 10.600.000 денари се предвидени за поддршка на спортските екипи и спортските сојузи. Потоа за поддршка на Сојузот на училишен спорт по програма се предвидени 250.000 денари, за награди на спортистите се предвидени 150.000 денари и за електрична енергија за општинските фудбалски стадиони се предвидени 1.000.000 денари. Членовите на Комисијата за спорт го усвоија Буџетот за спорт и го препратија до Комисијата за финансии и буџет а конечниот збор за усвојување на буџетот ќе го дадат советниците на Општина Штип на првата наредна седница. Воедно претседателот на Комисијата ,Елмир Мандак нагласи дека веќе има пристигнато апликации за избор на спортист на годината на град Штип за 2020 година а денешниот ден – 11 јануари е последен ден за пријавување на спортските кандидати.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk