
Во периодот од 20.00 часот на 07.03.2021 до 02.00 часот на 08.03.2021 СВР Штип спроведе акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. При контролата биле констатирани 42 прекршоци, од кои 12 за управување возила под дејство на алкохол. Сите биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и изготвени биле прекршочни платни налози.