Одбојкарите на Штип УГД победија во Скопје а девојките на УГД Студент загубија во Штип

Во изминатиот викенд се одиграа натпреварите од разигрувањето во машката и во женската Супер Одбојкарска лига на Македонија. Штипските екипи изиграа со променлив успех, односно минаа со една победа и со пораз. На домашен терен во Штип девојките на УГД Студент освоија само еден бод откако загубија од екипата на Фит Фан Волеј од Скопје со резултат 2:3 или по сетови ( 11:25) ; ( 25:21) ; ( 11:25) ; 25:19) ; ( 7:15 ).

Машката екипа на Штип УГД ја победи Јанта Волеј на гостувањето во Скопје со резултат 3:2 ( 25:17) ; (25:27) ; (18:25) ; (26:24) ; (9:15). Вреди да се истакне добрата и храбра игра на сите штипски одбојкари а особено треба да се истакне учинокот на Кристијан Ристовски кој иако чувствуваше повреда стисна заби и беше најзабележителен во решавачкиот петти сет за победа на Штип УГД. Следниот викенд во сабота во Штип ќе има двоен програм, односно девојките на УГД Студент ќе се сретнат со Јанта Волеј а момците на Штип УГД ќе играат против тетовска Шкендија.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk