Свечно пуштена во функција новата училишна зграда во село Таринци

Свечено пуштена во функција новата училишна зграда во село Таринци, Општина Карбинци. По повеќе од половина век децата од ова населено место ќе следат насатава во нови, модерно опремени простории согласно потребите на денешниот начин на живот. Зградата во село Таринци е енергетско – ефикасна, и за целосно реконструирање на истата се издвоија 16 милиони денари.

„Она што е важно дека учениците од село Таринци ќе посетуваат настаава во едни нови, современи услови како што доликува, со нова опрема, нов инвентар, и завршено енергетско ефикасна зграда. Општина Карбинци за овој проект издвои некаде околу 16 милиони денари, дел ос средставата се обезбедени од Министерството за Локална самоуправа, а 40% кофинансира општината“ – посочи Паунов.

Освен новата училишна зграда, Паунов истакна дека во наредниот период ќе започне доградбата на новата детска градинка во село Таринци во која дополнително ќе има место за уште 50 дечиња. Проектите во областа на образованието продолжуваат со реконструкција на училишната зграда во село Радање.

„Наскоро започнува и доградбата на детската градинка овде во Таринци, ќе бидат сместени дополнителни 50 дечиња, ќе немаме листи на чекање и ќе може секое дете да биде згрижено.“ – додава Паунов.

Почетокот на градежните активности за доградба на училишната зграда во село Таринци започна минатата година, со што се промени и стариот начин на затоплување на училниците, од дрва на парно греење.

Лаура Стојанова М-Нет