Ѓорѓи Андонов и Тодор Поп Панев избрани за судии во штипскиот Апелационен суд

Судиите Ѓорѓи Андонов и Тодор Поп Панев избрани за судии во штипскиот Апелационен суд.

На вчерашната итна седница, судијата Ѓорѓи Андонов од Основниот суд во Штип доби најмногу гласови од Советот и покрај тоа што беше втор на ранг листата, на која прва беше судијката Цона Каламерникова. Други конкуренти на Андонов му беа судиите Сузанаа Милевска, Јулијана Невкова и Невена Перица. Како што се изјаснија најголем дел од членовите на Советот, својот глас за Андонов го дадоа поради тоа што, иако има еден бод помалку од Каламерникова, пресуден бил неговиот придонес во судството со бројните ангажмани надвор од неговото работно место.

Судијата Тодор Поп Панев од Основниот суд Штип беше избран за судија од граѓанска област каде кандидати беа и судиите Сузана Милевска и Александар Цацков.

Ребека Спасова М-Нет