Свечено зтворено 37. издание на фестивалот „Истибањско здравоживо“ во Виница

Вчеравечер во Виница свечено беше затворено 37. издание на Меѓународниот фестивал „Истибањско здравоживо“. Во рамки на активностите на фестивалот кој започна на 9 септември, настапија над 500 фолклористи од 18 домашни и групи од странство од над 10 земји. Сите учесници учествуваа во фолклорното дефиле, а потоа имаа настап на сцената.Фестивалот го отвори градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков.

Учесниците на фествалот задовлни од овогодинешната организација, истакнаа дека очекуваат догодина да се сретнат повторно во многу поголем број.

„Домашаме во Виница на завршната манифестација на Истибанско здрвоживо 2022. Со радост ќе го презентираме пијанечкиот фолклор и ние како носители на светското културно наследство, орото Копачката сме горди поборници на зачувувањето на македонската традиција и култура“

Фестивалот заврши со Македонска национална вечер на која беа претставени најдобрите специјалитети од нашата кујна. Годинава имаше гости од Романија, Литванија, Босна и Херцеговина, Египет, Полска, Украина, Алжир, Косово, Чешка и Словенија.

Лаура Стојанова М-Нет