Приведен млад штипјанец за издржување казна затвор

На 14.09.2022 во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип го привеле И.Д.(28) од Штип. Тој бил баран по судска наредба за издржување на казна затвор од осум месеци. Лицето било спроведено до Казнено-поправната установа Затвор Струмица за издржување на казната.