
Сезоната на зимници во полн ек. По пазарите во истокот најпопуларна за продажба и денеска беше ајварската пиперка. Поголем дел од продавачите во Кочани уште од изутрина беа продале се што имаа на залиха. Според нив цената е реална и пристапна за граѓаните.
„Добро е има движење, сега е сезона на ајварскиот пипер има доста побарувачка, цената е реална мислам 40 денари за килограм. Пипер ќе има, јас сум производител, ќе има сигурно, до 11 е шпицо. Откупна цена за фабрика е 25 денари, а овде е 35 до 40 денари прва класа.“
И додека од една страна поголем дел од произведувачите велат дека нема кој да работи, бидејќи младите егзистенција бараат надвор од државата, од друга страна сѐ уште има и такви кои се горди на своите деца кои продолжиле да се занимаваат со земјоделие.
„Благодарение на мојот син кој произведува, ние сме по пазарите. Производство има зависи кој како работи. Кај нас младите работат многу добро и ние имаме производство и ќе имаме и есенса зелка“

За граѓаните производите на пазарот во Кочани астрономско скапи. Се купува само најнеопходното.
„Цените страшни. Скапо сѐ, се повеќе и повеќе скапо.“
„Денеска цените се поскапи. Претходниот пазар по 30 денари имапе пипер сега е 40 денари. Исто и доматот. Има и ефтино и скапо“
На пазарот во Кочани освен најпопулраната ајварска пиперка, се бараше и доматот, краставицата како и сезонското овошје.
Лаура Стојанова М-Нет