И по две недели се уште гори планината Готен, помош пристигнува од Словенија

И по две недели се уште гори планината Готен. Сите расположливи сили на терен, а помош доага и од Словенија. Како што истакна градоналачникот на Општина Берово Звонко Пеќевски, ситуацијата е иста. Вели дека огнот е далеку под контрола, но се превземаат сите мерки за да истиот биде изгаснат.

Пекевски, рече дека опасност има кај оние што имаат викендици на тоа место. Тој останува дециден дека огнот ќе биде изгаснат.

Инаку, според последните информации на ЦУК на територијата на Република Македонија се евидентирани вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои седум пожари се активни, под контрола три и 17 изгаснати. Дел од активните пожари се и пожарите во Општина Василево, Радовиш, каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација, а активен е и пожарот во Општина Македонска Каменица: с. Косевица (борова шума)

Дел од пожарите кои се пак под контрола се и пожарите во Штип и Карбинци. Општина Штип: меѓу с. Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева). Општина Карбинци: с. Јунузлија (шума)

Иван Митев, М-Нет