Љубителите на културата, уметноста, едукацијата и фолклорот ќе ја имаат можноста да уживаат во првото предавање на креативната работилница под наслов „Свадбените обичаи и песни- мотивации за мултиетнички креации“. Во ова е вклучен предавач и проектен координатор Милена Ристова Михајловска. Предвидени се три предавања со креативни работилници, преку кои слушателите ќе се стекнат со нови знаења во предвидените области. Ова прво предавање е едно истражување пред 10 години на подрачјето на Штип. Истражувањето се однесува на свадбени песни, обичаи и игра од споменатава етнографска целина. Вели, Ристова Михајловска.
„Преку првото предавање овој проект го презентираме мултимедијалниот начин и преку презентацијата на проф.Гордана Тасева ќе дадеме осврт кон свадбените песн. А, преку учеството на ликовната уметнилка Анастасија Петрова ќе ги поттикнеме младите да творат и да бидат инспирирани од традицијата.“ Изјавува, Ристова Михајлова.
Овој проект е одобрен во рамки на програмата за научно-истражувачка дејност за 2021 год.на Дом на култура „Кочо Рацин“- Скопје. Создавање на стихови и етнички текстови, мотивирани од поезијата на великанот Блаже Конески. Под раководство на Академија Еуроарт. Кои и во време на пандемија активностите се реализираат во полн ек.
Надица Стојковска/ М Нет
Дарко Лазев/ М Нет
