
Боречкиот клуб Олимпија од Штип веќе подолг период отсуствува од македонските боречки возбудувања. Еден немил настан во минатото заврши непријатно кон младите дечки и девојки да го искажат сиот свој талент и дарба на спортските борилишта. Градоначалникот на Општина Штип Сашко Николов во ненадејна посета ги охрабри да истрајат уште малку до разрешување на т.н. „гордиев јазол“.
Олабавувањето на здравствените мерки ги врати борачите во салите.
Тренерот Кире Нисев со потсетување на боречките структури за суштината на нивниот проблем кој за одреден период ги отстрани од борилиштата.
Со посетата и подршката од градоначалникот Сашко Николов борачите на Олимпија очекуваат конечно враќање на боречката карта на Македонија и продолжување на поранешниот успешен поход на овие млади дечки и девојки.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk