
Во мај 2009 година нашиот познат кардио – хирург Сашко Кедев ја изненади, македонската, европската па и светската јавност со сензационалната вест во која информираше дека се искачил на највисокиот светски врв на Хималаите, Монт Еверест висок 8848 м. Деновиве на ист начин без никакви најави, ниту информации дека се подготвува нов алпинистички потфат наголемо одекна информацијата за искачување на уште еден светски врв, тоа е Манаслу осмиот највисок светски врв со своите 8163 м. Откако ги искачи сите седум највисоки континентални врвови, Сашко Кедев повторно се врати на т.н. „покрив на светот“односно на Хималаите на овој врв. Колку за потсетување штипска експедиција во состав Трајче Алексов, Александар Санев и Стојанче Јорданов како логистичка поткрепа на нивниот долгогодишен пријател, австралискиот алпинист Ендрју Лок беше на Манаслу во 2002 година која заврши успешно со искачување на самиот врв од страна на австралиецот. Инаку Ендрју Лок е еден од најголемите светски алпинисти, кој ги има искачено сите 14 Хималајски врвови високи над 8000 метри а самиот највисок врв Монт Еверест го има искачено на два пати од различни страни. Сашко Кедев после 19 години успеа како штијанец да го искачи Манаслу а покрај него во експедицијата беа 14 алпинисти од Непал, тројца американци, еден холанѓанец и по еден од Иран и Кина а тимот бил предводен од Мингма Шерпа легендарен непалски алпинист. Историјатот на оваа највисока светска верига вели дека на тибетски Монт Еверест се нарекува Чомолунгма а на непалски значи САГАРМАТА или „ Кралица на небото“.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk