Николов: Една општина без моторна сила и умствена поддршка не може да функционира

Одржана првата традиционална средба со граѓаните на кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ, доктор Сашко Николов. Со идеи да се задржат младите во Штип, овде да живеат, работат и стареат тој ја продолжува изборната кампања.

„Една општина без млади не е општина. Така да за овие млади момци и девојки позади мене, околу мене, околу нас тоа е иднината и се што работиме се што правиме за оваа општина се е заради нашите млади, заради нашите деца, заради нивните деца. Правиме општина каде што даваме можност за овие млади луѓе да си го најдат парчето леб овде, каде што ќе функционираат , ќе произведуваат и ќе продуцираат.“ – додаде Николов.

Доказот за најдобрата понуда на СДСМ е е предводена од доктори, Сашко Николов за градоначалник, а Александар Мишев и Дијана Шишкова се носители на советничката листа, посочи Николовски. Според него победата на претсојните избори ќе тргне од Штип.

„Од Истокот кој што беше нај изолиран и најзапоставен регион во државата денеска е регион на најголемот градилиште, со многу проекти, со многу посветеност. Само околу Штип во овие четири години се инвестирани над 225 милиони евра во патна инфраструктура, дали се експресни патишта, автопатишта или регионалните кои што се градат во целиот овој регион.“ – кажа Николовски.

Николовски додаде дека Социјал демократскиот сојуз може со чист образ да тропне на сечија врата, да разговара со секој млад и повозрасен човек и да ја побара довербата на сите.

Лаура Стојанова М-Нет