Салата само со краставици, бидејќи доматот на пазарот во Штип сè уште држи висока цена

Салата само со краставици, бидејќи доматот сѐ уште држи висока цена на пазарот во Штип. Според купувачите, пазарот е скап, па се купува само најосновното. Доматот, младиот компир, јагодите се со висока цена, па во зависност од примањата се регулираат и барањата.

Од друга страна, пак, продавачите велат не е исплатливо да се работи. Цената на ѓубривата, препараратите е висока, а производите се со ниска цена. Дополнително на ова и побарувачката е слаба.

Топлото време ги остави поголем дел од штипјани дома, па и раздвиженоста на градскиот пазар беше редуцирана. Според продавачите, дополнително покачување на цените на производите нема да има, односно ќе се бележи само пад на истите, во зависност од сезоната и производот кој се бара.

Лаура Стојанова М-Нет