Економски и политички се причините за иселување на младите, семејството ги врзува за државата

Економскиот фактор и политизираноста на општеството – главни причини за иселување на младите. Ова го покажува истражувањето на правниот факултет при УГД во Штип. Сепак, споредбено со податоците од претходните две истражувања пред осум години, интересот за иселувања бележи надолна линија.

Направеното истражување опфаќа 308 испитаници на возраст од 15 до 35 години. Според нивните одговори, најголем дел од младите иднината ја планираат во САД, Германија и Швајцарија, а расте интересот за иселување во Италија.

Иако екомонските причини се доминантни за иселување, сепак бележат пад за сметка на политизираноста на општеството и недовербата во институциите.

Семејството и понатаму останува најсилниот фактор кој ги врзува младите да останат во државата. Доколку се иселат, пак, мотивирани се да ги одржуваат врските со локалната заедница.

Ребека Спасова М-Нет