Градоначалникот Јорданов денес ги прими членовите на футсал клубот Мал Ајакс од Штип кој како шампион влезе во Првата лига!

Екипата на Мал Ајакс од Штип стана шампион во Втората футсал лига на Македонија и со тоа избори влез во Првата футсал лига на Македонија за следната сезона, а по тој повод градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, денеска

Екипата на Мал Ајакс од Штип стана шампион во Втората футсал лига на Македонија и со тоа избори влез во Првата футсал лига на Македонија за следната сезона, а по тој повод градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, денеска

Екипата на Мал Ајакс од Штип стана шампион во Втората футсал лига на Македонија и со тоа избори влез во Првата футсал лига на Македонија за следната сезона, а по тој повод градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, денеска приреди прием за членовите на футсал клубот Мал Ајакс.

На средбата се разговараше за значењето на спортот и вложувањата во спортската инфраструктура како поддршка за младите и спортските колективи. Градоначалникот Јорданов им честиташе на играчите и раководството на клубот за постигнатиот успех и подвлече дека ваквите резултати се мотив плус за Општината да продолжи со поддршката на спортот.

„Во периодот што следува, во близина на ОУ „Тошо Арсов“ е предвидена изградба на повеќенаменска спортска сала, а истата ќе се користи за различни спортски дисциплини и клубови. Оваа инвестиција е дел од континуираните напори за унапредување на спортската инфраструктура во Штип“, истакна Јорданов.

Тој додаде дека ваквите инвестиции се особено значајни за развојот на младите и спортот во целина, и посочи дека Општина Штип ќе продолжи со уште поголем интензитет да вложува во создавање подобри услови за спорт и рекреација.

Од следната сезона Штип ќе има можност за следи прволигашки футсал, а штипски Мал Ајакс ќе биде единствениот тим од Истокот во елитата.

Александар Ванев, М-Нет