Сузана Стојанова е мајка на дете со церебрална парализа. Невработена е, а паричниот надомест што го добива од државата за нега на нејзиното дете е единствениот приход во тричленото семејство.
Деновиве бара начин, како да отвори трансакциска сметка на име на нејзиниот 28 годишен син, за да нема прекин во добивањето на паричниот надомест, но условите во банките се нејзиниот син да има законски старател.
„Процедурата е доста долга трае доста години, тоа ќе биде со вештаци и со судски процеси и е доста скапа, јас ќе бидам мајка на тоа дете додека сум жива“ – вели Стојанова.

Ова не е изолиран случај. Ожва е проблем со кој се соочуваат голем број на родители. Условите за отворање трансакциска сметка во Еуростандард банка биле поедноставни, заради што и голем број родители за своите деца со посебни потреби, по 26-тиот роденден отворале сметки таму.
„Ваквите работи буквално го нарушуваат здравјето на родителите. Има многу родители што ќе ги изгубат и овие маклу средства што ги дава државата, а голем проблем е и тоа што се бара старателство, бидејќи логично е дека ние родителите, под дифолт сме старатели на овие деца“ рече Зоран Мијалков – родител на дете со посебни потреби.

За педноставување на постапката за добивање паричен надомест на лица со посебни потреби постари од 26 години, неколку години се залага невладината „Сплотени срца“. Сметаат дека децата со дијагнози за кои медицината нема лек и кои доживотно ќе бидат со посебни потреби, треба и доживотно да имаат поддршка од државата.