
Македонската одбојкарска кадетска репрезентација на Македонија загуби од Романија со 3:0 во сетови (25:18, 25:17 и 25:17) во вториот натпревар на Балканското првенство за одбојкарки до 18 години.
Во македонската репрезентација најефикасна беше Ивана Милева со седум поени. На претходниот натпревар Македонија славеше над домаќинот Албанија, а на натпреварот против Романија нашата репрезентација предводена од селекторот Александар Митев не успеа да и парира на Романија.
Денес Македонија ќе игра против Бугарија, а оваа селекција дoсега забележа два триумфа без да загуби сет.
Александар Ванев, М-Нет