Ристовски ќе го суди дербито меѓу Брегалница и Македонија ЃП, Дејаноски главен во Кочани!

ФОТО: М Нет телевизија

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од 26. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кои натпревари се играа утре.

Доне Ристовски ја доби довербата да го суди дербито на колото меѓу Брегалница и Македонија ЃП, а кое се игра на Градскиот стадион во Штип.

Дарко Стојанов од Штип ќе ја дели правдата на „Цвај арената“ каде играат Вардар Неготино и Борец, Јован Качевски ќе биде главен судија во Радовиш каде ќе се соочат Детонит Плачковица и Арсими.

Спире Арсов ќе патува во Гевгелија каде ќе ја дели правдата на натпреварот меѓу Кожуф и Беласица, Владимир Ѓорѓиевски ќе биде задолжен да ја дели правдата на натпреварот меѓу Скопје и Охрид кој се игра на стадионот „Железарница“ во Автокоманда.

Во Кочани се среќаваат Осогово и Башкими, а овде за правдата ќе биде задолжен Марјан Дејаноски. Главен арбитар во Богданци каде ќе играат Вардарски и Победа ќе биде Димитар Левески, а пак Ангел Гелов ќе им суди на Каменица Саса и Новаци.

Сите натпревари ќе започнат во 16 часот, а дербито од Штип ќе можете да го следите во живо на М Нет телевизија, додека пак мечот од Кочани во живо ќе го следите на спортскиот канал М Нет Спорт.

Александар Ванев, М-Нет