Ристески: Околу 100 млади лица ќе бидат вработени или ќе започнат сопствен бизнис во Штип, преку оперативниот план за вработување

Околу 100 млади лица ќе бидат вработени или ќе започнат сопствен бизнис во Штип, преку оперативниот план за вработување. Ова денес го најави заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристевски, при неговата посета на градот, каде во соработка со локалната самоуправа се одржа презентација на мерките за поддршка на стопанството. Тој од настанот потенцираше дека оваа година ќе биде успешна за градот, бидејќи оваа бројка ќе придонесе подобрување на локалната економија.

,,Дојдени сме овде за да ги сублемираме податоците за Штип да видиме колку луѓе се пријавиле , колку ги користат мерките. Бидејќи ние сме транспарентно министерство и влада, сепак да собериме и предлози да овие мерки ги направиме уште повеќе практични до наредната 2026 година. Од податоците што ги имаме од агенцијата за вработување тука во Штип, бројот на апликации за самовработување е вкупно 93, мерката вработување и раст на субјекти за апликации за 19 места. Да земиме во предвид дека успешна ќе биде оваа година за Штип, бидејќи од оперативниот план ќе бидат вработени некаде од прилика 100 луѓе, претежно до 29 години. Дали ќе отворат нивни фирми или ќе бидат вклопени во постојаните од актуелните мерки, тоа е една добра бројка за подобрување на локалната економија

Дека проектите кои општината ги прави влијаат позитивно на бизнисот и равојот на градот, согласен беше и градоначалникот Јорданов.

,,Денеска во посета на Штип е господинот Марјан Ристевски, земник министерот за економија и труд, со кој ќе отвариме средна со претставници на мали и средни претпријатија. Замислената средба е во насока на промоција на мерките кои што ги спроведува владата и министерството за економија и во насока на заедничка комуниказија за подобрување на состојбите со кој што се соочува реалниот сектор. Ние се надеваме како локална самоуправа со проектите кои што ги реализираме влијаеме позитивно на бизниот и развојот на нашиот град.“, рече Јорданов

Инаку, настанот се одржа во згрдата на општината, а на истиот присуствуваа млади лица до 29 години, кои што имаат визија да го доразвијат градот под Исарот

Иван Митев, М-Нет