Риболовот станува луксуз, цената на дозволата зголемена на 9000 денари

Зголемена цената на дозволата за риболов, риболовците кои сакаат да рекреираат покрај реките треба да платат 9000 денари. Дозволата важи до крајот на тековната година без разлика дали е добиена во јануари или септември.

Ова создаде револт кај риболовците, па на социјалните мрежи се шират разни коментари од тоа дека во Македонија се плаќа најскапа дозвола за риболов споредбено со цел Балкан, до барања да се направи ревизија или ќе следуваат протести.

Рекреативните риболовци од цела Македонија покренаа иницијатива и онлајн петиција со која бараат итно да се преиспита Законот за рибарство и аквакултура.

Според нив риболовот станува луксуз, а не спорт. За споредба, во Србија се плаќа двојно поевтино за разлика од кај нас, во Хрватска од 3700 до 6000 денари, во Албанија 1800, додека во Бугарија 1600 денари.

Риболовците бараат да се намали цената на дозволата, да важи 365 дена, а не до крајот на годината, како и да имаповолности за младите и пензионерите.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет