
Веќе 24 часа големи одрони се свлекуваат на патиштата во истокот, а снег има на патниот правец до туристичкиот центар Пониква. Како што информираат од Македонија пат, екипите се постојано на терен, а претпријатието е целосно опремено. Патните правци велат се проодни, меѓутоа препорачуваат за крајно внимателно возење и прилагодување на условите на патот, со цел да не дојде до несакани последици.
,,Имаме две возила камиопни, опремени за интервенции на чистење на одрони и едно возило на интервенција према Пониква за чистење на снег. Како што кажав патните правци се проодни, немаме забрани и ограничувања, меѓутоа имаме препорака за крајно внимателно возење, со намалени брзини и прилагодување на условите на патот. Одрони се чистат непреќинато веќе 24 часа. Снегот е мал околу 5 cm, меѓутоа мора да се интервенира со цел немаме последици. Синоќа имавме интервенција на патниот правец од Делчево до с. Истибања и од Каменица до Саса со три машини и со пет камиони, што значи дека имаше доста многу одрони.“, рече Цоневски
Раководителот Влатко Цоневски и понатаму преупредува возачите внимателно да управуваат, бидејќи во моментот почнува да вее снег и во Делчево
,,Во моментот почнува да вее снег во Делчево и температурата е над нулата. Веќе имаме возила камиони со ножеви и соларки, спремни и за одрони и снег.“, додава Цоневски
Апели денеска стасуваат и од AMСМ. Поради обилните врнежи од дожд и честа појава на одрони на патните правци Делчево – М. Каменица – Истибања и Делчево – Пехчево на учесниците во сообраќајот препорачуваат крајно внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината кон условите на патот.
На патниот правец М. Каменица – рудник Саса поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 200 метри.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Иван Митев, М-Нет