
14-тата рунда од Третата македонска фудбалска лига ќе се игра долго односно од денес па до среда.
Денешниот воведн меч помеѓу Речица и Камјани заврши без победник со четири погодоци (2:2). Премтим Јакупи беше двоен стрелец за домашниот тим, а пак Фестим Абудалу беше двоен стрелец за гостинскиот тим.
Утре Дрита на домашен терен ќе се соочи со екипата на Зајази, додека пак во среда Љуботен ќе биде домаќин на Напредок со што ќе биде комплетирано 14. коло од Трета лига – Запад.