Реми меѓу Шкендија и Воска Спорт со четири погодоци

Фото: ФК Шкендија

Македонските прволигаши и второлигаши продолжуваат со подготовките за пролетната полусезона, како и со одигрување на пријателски натпревари.

Денес во Тетово се одигра пријателски меч помеѓу прволигашот Шкендија и второлигашот Воска Спорт, кој заврши без победник со четири погодоци (2:2).

Тетовци имаа водство од 2:0 сo двата погодоци на Ферхан Хасани, кој погоди во две минути односно во 54. и 55. минута, а пак за Воска Спорт двоен стрелец беше Ален Јашаровски, кој првиот гол го постигна во 58. минута од игра, а вториот за конечни 2:2 во 90. минута од белата точка.

Двајцата тренери им дадоа шанса на сите играчи со цел да може да се види моменталната подготвеност на фудбалерите до оваа фаза од подготовките, со што резултатот беше во втор план.