Реконструкција на улици и тротоари, промена на водоводни мрежи – граѓаните во Штип дел од креирањето на Буџетот за 2024 година

Промена на водоводна и канализациона мрежа, асфалтирање на улици, уредување на влезови пред станбени згради и торотари, чистење на мии депонии… Граѓаните во Штип вчера на средба со градоначалникот Јорданов посочија кои се приоритети на кои треба да се работи наредната година и на тој начин беа дел од креирањето на Буџетот за 2024 година.

„Очекуваме упште некој дел до крајот на годината да се реализира, тоа се асфалтирање на сите улици со претходна промена на водоводна и канализациона мрежа. Побаравме за улица Сутјеска да се применат тротоарските површини за поголема безбедност, се средува околу дворните места на зградите“ – вели Марија.

Активности на терен има започнато во неколку населби на територија на Општина Штип, а веќе детектирани и позанти се проблемите на граѓаните вели Јорданов. Согласно досега познатото и она се посочи на средбата вели наредната година ќе има многу повеќе програми и проекти за разлика од оваа година.

„Ние имаме започнато активности во секоја населба, генерално ги знаеме проблемите на граѓаните, ги знаеме и нашите предвидени и ветени проекти. Тие ќе бидат основата која ќе се надоградува и надополнува. Можам да ветам дека 2024 година ќе биде полна со работа, со многу повеќе проекти од 2023 година. Нашата тенденција е секоја наредна година да биде подобра од изминатата“ – вели Јорданов.

Граѓаните велат дека 80% од предвидената програма во дел од населбите е веќе реалзирана. Додаваат дека очекуваат дел од пшроектите да се реализираат и до крајот на годината. Средба со граѓани за креирање на Буџетот за 2024 година е закажана и за вечерва.

Лаура Стојанова М-Нет