Зимницата речиси заврши, цените на производите „паднаа“, а се намали и побарувачката на пазарот во Штип

Зимниците готови па побарувачката на пазарот во Штип делумно намалена. Иако цените паѓаат, а изборот на производи е голем, сепак граѓаните купуваат само за салата. Произведувачите велат дека производството полека е при крај иако согласни се дека зелка ќе има речиси до Нова година.

„Има ама послабо, некни повеќе имаше. Луѓето веќе си имаат ставено зимница, а цените се поволни. Ама и луѓето немаат услови, платите мали, а ние велиме евтино, а не е.“ – велат продавачите.

За купувачите цените на градскиот пазар во Штип се идентични како и претходниот петок. Избор велат граѓаните има доволно, ама цените согласно нивните примања се високи и денеска.

„Како и претходниот петок така и сега, избор има, добро е.“ – велат купувачите.

Црвената зелка, празот и сеознското овошје најбарани на денешниот пазар во Штип. Наредниот период се очекува зголемена побарувачка и на марула која веќе почна да се нуди на граѓаните.

Лаура Стојанова М-Нет