Реконструкцијата на студентскиот дом „Браќа Миладиновци“ Штип одложена за наредната година

Реконструкцијата на студентскиот дом „Браќа Миладинови“ воШтип е одложена за наредната 2026 година. Тоа значи дека и ова лето кога домот ќе биде празен ќе се извршуваат тековни активности во склоп на самиот студентски дом. Ќе се работи на обелување санација на санитарни чворови и слично.

„Реконструкцијата на домот и проектот кој го предвидува Владата, односно МОН е одложен за следната 2026 година. Ние летниот период ќе правиме интерни санации како обелување, санација на санитарни чворови.“ – вели Барбашка.

Од четири до шест ученика односно студенти се сместени во една соба во студентскиот дом „Браќа Миладиновци“. Има три занимални каде има можност да се учи и голем интерес за сместување. Тоа го покачува и праксата од оваа учебна година.

Инаку реконструкцијата на студентскиот дом „Браќа Миладиновци“ во Штип беше најавена на почетокот на претходната 2024 година. Требаше да се работи на промена на кровната конструкција, поставување фотоволтаици, промена на водоводната и електирчна мрежа, со цел подобрување на условите за средношколците и студентите.

Лаура Стојанов-Ќирчов, М-Нет