Маж полово вознемирувал девојче на плоштадот во Штип, бил приведен

На 11.07.2025 во 13.50 часот во Штип, полициски службеници го лишија од слобода М.С.(56) од општина Лозово, постапувајќи по претходна пријава од 51-годишна жена од Штип дека околу 12.30 часот на плоштадот во Штип, полово ја вознемирувал нејзината малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.