Реконструирани улици и патишта, нови паркинг позиции, низа проекти во Македонска Каменица

Реконструирани се неколку локални патишта и пристапни улици во повеќе населени места во Македонска Каменица. Целта е да се работи во централното градско подрачје, но и во приградските населени места, со цел сите жители да добијат подобри услови за живот.

„Најпрво реконструирани се локални патишта во село Мотшица во вкупна должина од околу 2 километри, во село Дулица во должина од 800 метри, село Луковица имаме повеќе населени места, село Тодоровци и се работи во село Костиндол.“ – вели Анастасовски.

Во моментот општината во сорабтка со ЈП „Камена река“ од Македонска Каменица ја заврши изградбата на пречистителната станица. Во меѓувреме се работи на одржување на зеленило, паркови, нормално водоснабдување на граѓаните и обезбедување услови за нормален живот.

„Во моментов имаме завршена изградба на прочистителна станица во село Цера и таа ги опфаќа жителите во селата Цера, Дулица и дел од Стара Каменица.“ – посочи Анастасовски.

Акцентот и во периодот кој следи останува на инфраструктурата во општината. Ќе се работи на изградба на пешачки патеки, нови паркинг позиции, а ќе се реконструираат и улици во централното градско подрачје.

„Во следниот период големо внимание ќе се посвети на инфраструктурата, најнапред во централнто градско подрачје преку изградба на пешачки патеки, паркинзи. Во тек е и тендерска постапка за реконструкција на улица „Питу Гули“ и „Осоговска“, средства обезбедени од Светска банка“ – додава Анастасовски.

Во пертходниот период се изградени повеќе паркинг позиции во центарот на градот со цел да се намали гужвата во градот, но и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Лаура Стојанова, М-Нет