
Без исплатени плати и без работа – над 50 работници од Штип останаа на улица, откако странските сопственици на локална текстилна фирма Елит фешан, преку ноќ ја затвориле фабриката и исчезнале, додека работниците се на летен одмор. Разочарани, револтирани и оставени без никаква поддршка на улица, бараат правда и исплата за целото лето поминато во мака. Пред камерите на нашата телевизија велат ниту газдите, ниту шефот не креваат на нивните повици, а денес наместо да почнат повотрно на работа, тие добиле заклучена врата, заклопена слушалка и празен џеб. Со солзи во очите, раскажуваат.
,,Срамота е ова што го прават, не оставија на улица. Бегаат сите и газди и шефици. Тражеме две те плати да ни се исплатат и к-15 цело да ни дадат и да не стават под заводот. Да се појави некој од институциите што е одговорен. Газдата ни е хрватин и германец, не можат да ги најдат и сега ние дека треба да се обратиме. Тука што не лажат дека има залепено нешто, на тоа има само до каде ни договорот, нема ниту на кого да се обратиме, а платата треба да ја тражиме. 27 работни дена да ни се палте. Треба и награда и плата. Тие пред одморот испудија пет души, затоа што така и одговораше и сега ни некаде.“, велат
Работниците велат дека случајот ќе го истерат до крај. Правдата ќе ја бараат и под вода и под камен
Инаку, трудоба инспекција излезе на терен и се состави записник.
Иван Митев, М-Нет